Мушмулата – борец во војната против вирусите во текот на зимата

Мушмулите во текот на есента се најблаги и највкусни, но на малку кој му паѓа на памет да се почести со нив. Иако не се толку популарни, оние кои ја знаат незината вредност и кои го сакаат сочното овошје добро знаат колку мушмулите се добри за организмот и здравјето.

Мушмулата содржи витамин Ц, шеќери и пектини и се користи во лекувањето на скорбут, но мушмулата лековито делува и при некои здравствени тегоби׃

Против воспаление на непца

Доколку Ви крвават и Ви се воспалени непцата, воведете во менито една рака мушмули дневно и проблемот за кратко време ќе го снема. Недозреаниот плод ја стега слузокожата па затоа е благотворна за запирање на крвавењето и отстранување на афтите и херпесот на усната.

Ја зајакнува крвната слика

Во народната медицина мушмулата е позната како овошје кое влијае на подобрување на видот, но и како природно средство против анемија. Нутриционистите потврдуваат дека ја зајакнува крвната слика, ги чисти бубрезите и црниот дроб. Таа е вистинска мала ризница на влакна, од кои се издвојуваат пектините, ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол и маснотиите на ѕидовите на крвните садови, впивајќи ја како сунѓер. Помага кај тегобите во желудникот, опстипацијата, нередовната столица и кај проблемите со варењето.

Го чува срцето и крвните садови

Резултатите на големите истражувања покажале дека мушмулата е одлична превентива во војната против канцерогени и кардиоваскуларни заболувања. Поред тоа, добри се и против слабоста во грбот и колената, помагаат и кај вртоглавицата.

Лековитиот компот

Излупете килограм мушмули, исечете ги на помали парчиња, прелејте ги со половина литар вода каде што претходно имате растопено килограм шеќер. Се добро измешајте и варете отприлика еден час на тивок оган. Малку оладете и турете во подготвените чисти тегли, па херметички затворете ги. Јадете ја порцијата од по еден децилитар повеќе пати на ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e