Маска со која вашата коса побрзо ќе расне

Маска за коса која ја прави помека, поздрава, но и многу побрзо расне. Главната состојка е квасецот кој го стимулира коренот на косата и е главниот виновник за подобрувањето на квалитетот на косата.

За максимални резултати, користете ја маската 2 пати неделно во период од 2 месеца. По овој временски период ќе забележите дека испуканите и суви врвови исчезнале и дека влакното е многу поцврсто.

Потребни состојки:

20 г свеж квасец
1 лажица мед
1 лажица млеко

Начин на подготовка:

Во 1 супена лажица топло млеко растворете 1 кафена лажица мед, а потоа додајте 20 г свеж квасец или 7 г сув квасец. Оставете ја смесата на топло место да ферментира 15 до 20 минути.

Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса. Завиткајте ја во најлонска кеса и пешкир. Оставете ја на главата еден час (можете и подолго до 2, што подолго тоа подобро). Потоа измијте ја косата со топла вода.

Габичките на квасецот ја зголемуваат количината на витамини, протеини и минерали кои се неопходни за растењето на косата. Хранливите материи се впиваат во фоликулите на косата и ја зајакнуваат оштетената коса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e