Какви сигнали ни испраќа кожата за нашето здравје?

Без разлика на тоа дали минуваме низ емотивни стресови или навистина имаме физички проблем, кожата е таа што секогаш прва ни испраќа сигнали. Треба само да ги „прочитаме“ тие знаци и веднаш да реагираме.

Сувата кожа може да значи недостаток на Омега 3

Ако кожата ви е сува, веројатно е време да погледнете во вашата исхрана. Доктор Франческа Фуско, клинички професор по дерматологија при Медицинскиот центар Синај во Њујорк објаснува дека Омега 3 игра витална улога во зајакнувањето и регулирањето на клеточните мембрани, што обезбедува кожата да остане хидрирана и мазна. Недостатокот пак, на Омега три, го забавува овој природен процес што резултира со сувост, дури и првут на кожата. Омега 3 ќе го примите со конзумација на лосос, ленено масло и семе, соја и ореви.

Мозолчињата можат да значат стрес

Постои научно докажана корелација меѓу роковите и бројот на мозолчиња на вашето лице. Кога луѓето се под стрес почесто, нивната кожа станува рефлексија на стресот. Пробајте да се релаксирате после работниот ден запишувајќи се на часови по јога или со топла купка.

Бледилото би можело да биде анемија

Најчеста причина за ненадејно бледило на лицето би можело да биде анемија, што значи бројот на вашите црвени крвни зрнца е низок. Додадете во исхраната фолна киселина, Б12, и храна богата со железо како црвено месо, грав и зеленчук и сјајот на лицето треба да се врати.

Портокалов пигмент може да значи проблеми со тироидата

Бета каротинот, антиоксидант кој се наоѓа во некои овошки и зеленчук, а особено во морковите, се обработува преку тироидната жлезда. Но ако имате проблем со нарушување на функцијата на тироидната жлезда, вашата кожа може да добие портокалов пигмент. Во тој случај посетете лекар.

Сврбење на кожата и плускавци можат да значат алергија на глутен

Можеби ви е преку глава од кампањите на производите кои не содржат глутен, но некои луѓе навистина се алергични на глутен, а можеби и вие. Чест симптом на глутенските алергии е појавувањето на мали плускавци во близина на лактите, колената, но и на лицето, кои сврбат. Посетете веднаш дерматолог.

Првут на кожата и суперсува кожа можат да значат дехидрираност

Освен недостаток на Омега 3, сувата кожа е и знак за недостаток на течности. Проблемот се решава со вклучување во секојдневниот диетен режим по најмалку два литра вода.

Модринки на кожата може да значат недостаток на железо

Појавата на модринки по телото најчесто значат недостаток на витаминска исхрана, а особено на железо. Тие се алармантен сигнал да ја смените од темел исхраната или да посетите нутриционист за совет.

Пегите може да значат претерано изложување на сонце

Почестото изложување на сонце може да доведе до пеги, особено на лицето и градите. И тие не се штетни, а сами од себе поминуваат со тек на времето. Но, ако бојата на вашите пеги почне да се менува, веднаш посетете лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e