Како да ја зачувате плодноста?

Денес жените обично подоцна се одлучуваат за дете. Причините се различни: студирање, кариера, финансии…
Или можеби едноставно не го пронашле “вистинскиот“. Не ретко се случува и жени кои во доцните дваесетти или раните триесетти одлучуваат да имаат дете, неочекувано да откријат дека се неплодни. Познат факт е дека плодноста се намалува со возраста.

Доколку сега не сакате дете, но сакате да го имате подоцна во животот, можете сами да допринесете за својата плодност. Направете некои промени во животот кои можат позитивно да влијаат на вашата плодност.

Редовно посетувајте гинеколог

Доколку досега не сте барале информации за плодноста од вашиот гинеколог, време е тоа да го направите. Прашајте го за својата моментална состојба што се однесува до плодноста. На секоја следна посета известувајте го својот доктор и гинеколог за промените на вашето тело доколку ги сметате за важни. Некои болести имаат големо влијание врз плодноста, затоа грижете се за вашето здравје.

Одржувајте нормална телесна тежина

Телесната тежина влијае врз нивото на хормонот естроген. Доколку имате вишок тежина, нивото на естроген во вашето тело е преголемо, а тоа има слично дејство како контрацептивните пилули. Истотака, може да се зголеми и нивото на инсулин кој влијае на јајниците и прави да не испуштаат јајце клетки. Од друга страна, доколку сте преслаби нивото на естроген е прениско, што повторно влијае врз вашиот репродуктивен систем.

Избегнувајте преголем физички напор

Прекумерното вежбање може да предизвика нередовна менструација или нејзин целосен изостанок. Тоа, се разбира, влијае на можноста за оплодување. Така, повеќето професионални спортистки кога сакаат да останат бремени, го намалуваат интензитетот на тренинзи за да им се стабилизира циклусот.

Престанете да пушите

Докажано е дека пушењето има негативно дејство врз плодноста на мажите и жените. Штетно е за јајниците, а може да биде штетно и за самата јајце-клетка. Затоа, доколку пушите, препорачливо е да престанете.

Практикувајте сигурен секс

Разните полово преносливи болести се едни од главните причини за неплодност, најчесто затоа што симптомите не се забележуваат или болеста не е третирана. Некои од болестите може да предизвикаат лезии на тубите, т.е каналите на јајниците, поради што јајце-клетките не можат лесно да патуваат од каналите до матката. За превенција и навремено реагирање, користете заштита и редовно тестирајте се за полово преносливи болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e