Како да го спречите запушувањето на артериите и да спречите болести на срцето?

Многу кардиоваскуларни заболувања можат да се спречат со консумирање на само една лажица цимет дневно.

Ви ги претставуваме намирниците кои се богати со антиоксиданти, здрави масти и растворливи влакна. Не само што го чува здравјето на срцето, тука оваа храна го подобрува и општото здравје.

Брокула

Овој зеленчук е богат со витаминот К кој спречува калцификација на артериите и ги прави флексибилни. Покрај тоа, брокулата спречува оксидација на ЛДЛ холестеролот кој може да предизвика срцеви заболувања.

Цимет

Многу срцеви заболувања можат да се спречат со консумирање на само една лажица цимет дневно. Овој зачин спречува создавање на наслаги во артериите и го намалува нивото на холестеролот во крвта. Покрај тоа, циметот е богат антиоксидант и со тоа ги штити клетките во организмот од штетните влијанија на слободните радикали.

Зелен чај

Овој популарен напиток содржи катехини кои можат да спречат создавање на блокади во артериите. Исто така, зелениот чај го забрзува метаболизмот, помага во одржувањето на оптимална килажа и на тој начин го штити здравјето на срцето.

Јаткасти плодови

Консумирањето на сирови јаткасти плодови може да му направи голема услуга на вашето општо здравје, а особено на здравјето на срцето. Бадемот е најдобар избор, бидејќи содржи витамин Е, протеини, влакна и мононезаситени масти.

Ниту оревите не заостануваат многу кога станува збор за здравствените благодети. Овие плодови ќе спречат запушување на артериите, ќе ги намалат воспалителните процеси и ќе помогнат да го одржите нормален крвниот притисок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e