Еве зошто треба да консумирате зелка неколку пати неделно

Зелката е ливкасто зелено или виолетово двегодишно растение, растено како едногодишно растение за своите глави со густи листови. Има потекло од дивата зелка, Brassica oleracea, и е тесно поврзана со брокулата и карфиолот. Зелките генерално тежат од 0,5 до 4 килограми, и можат да бидат зелени, виолетови и бели. Во услови на долги сончеви денови, како во високи северни предели во лето, зелките можат да растат многу поголеми.

Зелката најверјоатно била доместицирана некаде во Европа пред 1000 година пред нашата ера. До Средните векови, зелката станала важен дел од Европска кујна. Зелките генерално се берени во првата година од животниот циклус на растението.

Еве неколку причини зошто треба да јадете зелка:

Го зајакнува имунитетот

Зелката содржи витамин Ц како и значајни количини на бета-каротен, калиум, железо и магнезиум. Најмногу лековити својства има кога ја јадете сирова или закиселена, а ги губи квалитетите со продолжена термичка обработка.

Ја поттикнува дигестијата и слабеењето

Дури 92,5 отсто од зелката е вода, па затоа не е чудно што се смета за диететска намирница со само 20-тина калории на 100 грама. Освен тоа, го забавува претворањето на шеќерите и другите јаглехидрати во масти, а со оглед на вискиот процент на целулоза, ја поттикнува работата на дигестијата и ја намалува надуеноста на организмот.

Ги штити дишните патишта

Сокот од зелка е делотворен лек за болестите на дишните патишта, а со негово испирање ја намалувате болката во грлото. Тој помага во чистење на дишните патишта кај бронхитис или астма.

Го чува здравјето на желудникот

Зелката содржи сулфорафан – станува збор за органско соединение кое го штити гастроинтестионалниот тракт од враќање на желудочната киселина кон хранопроводот (рефлукс на желудочна киселина). Покрај тоа ја елиминира и бактеријата „Helicobacter pylori“ која е главен причинител на чир на желудник. Консумирајте 100 мл. сок од зелка, 3 пати на ден, пред секој главен оброк.

Ги намалува воспаленијата во телото

Овој зеленчук има силни антивоспалителни дејства, а облозите од зелка се честа препорака за разни видови болести. Зелката го извлекува гнојот од раните и ги дезинфицира, ги смирува изгорениците, егземата и акните, ги ублажува отоците и помага при мигрена. Покрај сето наведено, зелката ја ублажува и депресијата и вознемиреноста, ја подобрува концентрацијата, а некои студии тврдат и дека делува превентивно против рак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e