Еве зошто треба да избегнувате да јадете помфрит

Помфритот за многумина е највкусна храна, но не треба да претерувате бидејќи оваа лоша навика може да има многу негативни последици по вашето здравје.

Во студијата објавена во списанието „The American Journal of Clinical Nutrition“ во која учествуваа 4.500 луѓе, истакнато е дека ако јадете помфрит повеќе од два пати неделно се зголемува ризикот од прерана смрт.

Ова се некои од нуспојавите со кои може да се соочите доколку често јадете помфрит.

Болки во желудникот

На телото му треба повеќе време да ги свари јаглехидратите и протеините. Доколку јадете пржени компири неколку пати неделно, може да имате болки во стомакот, пролив и грчеви.

Пад на имунитетот

Според студијата објавена во списанието Current Opinion in Clinical Nutrition & Metabolic Care, со консумирање на мрсна храна се зголемува нивото на лоши бактерии и се намалува нивото на добри бактерии во вашиот организам, што доведува до пад на имунитетот.

Ќе се здебелите

Компирите пржени во зејтин се полни со маснотии и со калории. Ова го потврди и студијата објавена во The American Journal of Clinical Nutrition која истакна дека јадењето пржена храна е поврзано со дебелеење, пишува Eat This, Not That.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e