Еве за што е корисна кората од ананасот

Ананасот е многу вкусен, но исто така и благотворен за организмот. А дали знаете колку е здрава кората на ова јужно овошје?
Богата е со антиоксиданти, го намалува ризикот од карцином, го штити срцето и крвните садови… Затоа, кога јадете ананас, не ја фрлајте кората, туку од неа направете чај. И тоа на многу едноставен начин.

Ставете ја кората во тенџере, додадете вода и варете околу 20 минути на тивок оган. Ако сметате дека чајот е премногу силен, разредете го со вода. Пијте го цел ден по малку, како сок. Исто така, може да го засладите со мед, a можете да додадете малку лимон и други здрави состојки.

Инаку, ананасот делува и како деуретик, бидејќи го елиминира вишокот вода во телото, а ги чува коските од остеопороза. Затоа, треба често да го јадеме или пиеме како сок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e