Дознајте ги придобивките од консумирањето на бананата

Ако сте од оние кои сакаат банана, тогаш уште еднаш ве потсетуваме на многу придобивки од ова вкусно тропско овошје.

Депресија

Бројни студии докажаа дека консумирањето банана го подобрува расположението. Причината за ова е состојката триптофан, протеин што телото го претвора во серотонин, познат и како хормон на среќата. Токму поради ова, откако јаделе банана, испитаниците се чувствувале порелаксирано и посреќно.

ПМС

Заборавете на таблетите, изедете ја бананата! Витаминот Б6, со кој е богата бананата, го регулира нивото на гликоза во крвта, што директно влијае на расположението.

Анемија

Големи количини на железо во бананите го стимулираат производството на хемоглобин и на тој начин ги намалуваат шансите за развој на анемија, но исто така помагаат во лекувањето на болеста.

Крвен притисок

Ова уникатно овошје е исто така богато со калиум, и содржи многу малку сол, што е идеална комбинација во борбата против високиот крвен притисок.

Варење

Богати со растителни влакна, бананите ја подобруваат и забрзуваат нормалната функција на дебелото црево. Смути со банана и мед е совршен одговор на тежок мамурлак. Бананата го смирува стомакот, медот го компензира нивото на шеќер во крвта, а млекото го хидрира телото.

Утринска мачнина

Бананата помага во одржување на нивото на шеќер во крвта и со тоа директно се намалува можноста од утринска мачнина.

Каснување од комарец

Пред да посегнете по разни креми и спрејови, обидете се да го триете местото на раната со внатрешноста на кора од банана.

Нервен систем

Витаминот Б, со кој се богати бананите, значително го смирува нервниот систем. Наместо преработена масна и слатка храна, во стресни периоди обезбедете му го организмот потребниот шеќер со конзумирање банани.

Стомак

Бананите ја неутрализираат киселоста на телото и ја намалуваат иритацијата, создавајќи заштитен слој во стомакот. Ефикасни се и кај цревни заболувања поради нивниот состав и мазност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e