И доколку изгубите чувство за мирис можеби не сте заразени со корона

Иако дури 77 проценти од заболените од корона го губат чувството за мирис и вкус, треба да се има предвид дека ова можеби не е сигурен показател за инфекцијата со Ковид-19.

Меѓутоа, ако не чувствувате вкус и мирис на одредена храна, тоа може да биде знак на тревога.

Експертите забележуваат дека храната што најдобро може да го тестира сетилото за вкус и мирис се кафе, лук, портокали, лимон и шеќер.

Редовното тестирање на сетилото за мирис може да укаже на ковид 19 пред да се појават какви било симптоми, а тоа може да го сторат многубројни производи како што се кафе, парфем, босилек, рузмарин, паста за заби со мирис на ментол, рози.

Сепак, научниците забележуваат дека мирисот може да се оштети кај луѓе кои имаат Паркинсонова или Алцхајмерова болест, па ваквите тестови можат да ги охрабрат лекарите да ја испитаат можноста за постоење на овие невродегенеративни болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e