Директор во Фејсбук открива: „Гладувам 15 часа дневно и тоа ми го промени животот”

Ден Зигмонд, директор на аналитика во Фејсбук, е еден од приврзаниците на диетата на гладување, чии следбеници не јадат во долги временски периоди – од 14 часа па дури до неколку дена. „Многу мои колеги јадат на работа или набрзина. Тешко е да контролирате што јадете овие денови. Но, една работа која секој од нас може да ја контролира е времето“, рекол Зигмонд за „Business Insider”.
Кога работел за младата фирма “Hampton Creek”, наишол на истражување од Салк институтот за биолошки студии, чиј заклучок е дека времето кога јадете е подеднакво важно како и видот на храната која ја јадете. Глувците кои јаделе само во периодот од неколку часа дневно, биле послаби од оние кои јаделе во текот на целиот ден.

Зигмонд, кој работел во Microsoft, Google и Youtube, нешто слично веќе пробал додека живеел во будистичкиот храм на Тајланд неколку години порано. Сега одлучил повторно да го направи истото.

2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Многу брзо почнав да јадам само во текот на девет часа дневно. Веднаш се почувствував многу подобро и ослабев повеќе од осум килограми за помалку од една година“, вели овој татко.

Тој јаде само во периодот помеѓу девет часот наутро и шест часот попладне и тврди дека најлошото нешто кое можете да му го направите на вашето тело е да јадете во било кое време. Тој тврди и дека никогаш не е гладен пред спиење, како и дека не се сеќава кога последен пат имал „напад на прејадување“.

Тој не е единствениот директор во Силиконската долина кој прибегнува кон гладување како начин да си го продолжи животот, да го зголеми фокусот на работа, како и продуктивноста. Клубот на биохакери во Сан Франциско ги собира сличните на него, кои секоја среда појадуваат и така го прекинуваат гладувањето, додека споделуваат совети за тоа како најдобро да ја изведат оваа диета.

1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сепак, истражувањата за гладувањето како начин да ја подобрите состојбата на организмот се спротиставени. Претежно не се извршувани на луѓе и примати, туку на овошни мушички и глувци. Магазинот „Scientific American” пишува дека кај луѓето кои гладуваат постои ризик од напад на глад и компензаторно прејадување. Едно од последните истражувања на примати кои гладувале покажало и дека нивниот животен век воопшто не се продолжил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e