Дали астмата го зголемува ризикот од тешка форма на Ковид-19?

Самата астма не е фактор на ризик за хоспитализација или тешка форма на COVID-19, а луѓето со алергија предизвикана од астма би можело имаат и помал ризик, според новата студија презентирана на годишниот виртуелен состанок на Американската академија за алергија, астма и имунологија.

Научниците од Универзитетот Стенфорд следеле 5.596 пациенти кои биле позитивни на COVID-19 од март до септември 2020 година.

Од тој број, 11 проценти биле хоспитализирани, вклучително и 100 пациенти со астма. По разгледувањето на други медицински состојби на пациентитe поврзани со тешка форма на COVID-19, вклучувајќи висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес и прекумерна дебелина, „астмата веќе не беше фактор на ризик за хоспитализација“, рече д-р Лорен Егерт.

Меѓу пациентите кои биле хоспитализирани, астмата не била значително поврзана со сериозноста на болеста, рече таа.

Истражувачите исто така откриле дека кај пациентите со алергиска астма има двојно помала веројатност да треба да бидат хоспитализирани, во споредба со пациентите со други видови на астма.

Можно објаснување, рече Егерт, е дека кај алергиска астма, имунолошкиот систем го намалува производството на ACE2 протеин на клеточните површини кои се главната влезна точка за коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e