Чоколадна торта со само две состојки

Состојки:

-3 јајца,
-165 грама чоколадо (млечно или за готвење)
Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките и ставете ги белките во фрижидер. Растопете го чоколадото, потоа извадете ги белките од фрижидерот и изматете ги.

Додадете ги жолчките и една третина од белките во изладеното чоколадо и изматете ја смесата. Потоа со мешање, додадете го и остатокот од белките.

Обложете калап за торта со хартија за печење, истурете ја смесата и печете 30 до 40 минути во загреана рерна на 170 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e