Четири знаци дека јадете премногу сол

Натриумот e важен минерал во телото, но доколку претерате со внес на сол може да имате негативни последици на вашето здравје. Ова се знаци кои откриваат дека консумирате премногу сол.

Постојано сте жедни

Натриумот игра голема улога во одржување на рамнотежата на течностите во телото. Солта ни е потребна за да ја балансира количината на вода во организмот. Кога сме жедни, телото ни порачува дека во организмот има премногу натриум и дека со внес на вода треба да ја доведеме таа количина во рамнотежа.

Висок крвен притисок

Солта не е единствената работа која влијае на крвниот притисок. На крвниот притисок исто така влијае генетиката, стресот, телесната тежина и нивото на физичка активност, но долготрајното консумирање на храна со висок процент на натриум може да игра голема улога.

Идеалниот внес на сол подразбира околу 1500 мг натриум дневно, особено за оние кои имаат висок притисок.

Надуени сте

Што повеќе натриум ќе внесете, толку повеќе вода ќе се задржи во вашиот организам. За да се борите против чувството на надуеност треба да пиете многу вода, да пешачите по оброкот или да испиете чај со лимон.

Ве боли глава

Доколку имате главоболка навидум без причина, размислете што сте јаделе. Премногу сол може да предизвика ширење на крвните садови во мозокот и поради тоа ве боли главата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e