Честото консумирање на овие намирници го нарушува здравјето на црниот дроб

Црн дроб или црн џигер е најголемата жлезда кај цицачите. Тежи околу 2 kg. Сместен е на десната страна од стомачната празнина, под дијафрагмата. Се состои од лев и десен резен. Во десниот резен е сместено жолчното ќесе.

Црниот дроб е и жлезда со најголем број функции, над 500. Некои од поважните се:

Метаболична: регулација на нивото на шеќер во крвта, конверзија на амонијакот во уреа, конверзија на провитаминот A во витамин A итн.

Одбранбена: Формирање на одбранбени протеини, синтеза на коагулативните фактори, фагоцитоза на стари клетки итн.

Детоксикативна: неутрализација или елиминација на течни или отровни материи, најголем дел од никотинот се детоксицира во црниот дроб.

Депонирање на: гликоген (околу 20%), витамините A, PP, B-12, K, фолна киселина, крв, бакар и железо
ја создава жолчката за варење на мастите, помага во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта, создава крвни белковини, го помага згрутчувањето на крвта, го контролира создавањето и размножувањето на крвните зрнца, ги складира витамините, ги отстранува отровите, ја складира енергијата, создава топлина и уништува микроорганизми системот за варење.

Според неодамнешни истражувања, сè повеќе луѓе имаат некакво оштетување на црниот дроб.

Одредена храна може да има исклучително негативно влијание врз најважниот орган во нашето тело, без да бидеме свесни за тоа. Еве кои намирници треба да ги одбегнувате или барем да ја намалите нивната консумација…

Сокови со многу шеќер

Алкохолот не е единствениот пијалак што може да го наруши здравјето на вашиот црн дроб. Во мали дози, шеќерот поволно влијае врз работата на тенкото црево, меѓутоа во големи дози, неодамнешни истражувања покажале дека доведува до несакани ефекти на црниот дроб.

Помфрит

Помфритот е богат со заситени масти, а исхраната богата со заситени масти доведува до зголемена резистенција на мастите во црниот дроб, како и до зголемени вредности на инсулин.

Масла

Не се сите масла исти. Растителното масло кое содржи омега-6 масни киселини побрзо оксидира при готвењето и придонесува за оштетувањето на црниот дроб. Меѓутоа, тоа не значи дека морате потполно да се откажете од употребата на масло, туку попаметно да одбирате. Најдобриот избор е кокосовото масло.

Преработено месо

Ако сте загрижени за здравјето на црниот дроб, добро размислете пред да изедете сендвич со сувомеснати производи. Преработените сувомеснати производи се скриен извор на натриум. Прекумерната консумација на натриум може да предизвика нерамнотежа во соодносот со течноста во нашето тело, што на црниот дроб му го отежнува ефикасното филтрирање, а може да предизвика и посериозни проблеми со црниот дроб.

Бел леб

На рафинираните јаглехидрати им недостигаат влакна, а тоа доведува до скокови на глукозата во крвта, потоа до ослободување инсулин, што доведува до создавање масни наслаги на и околу црниот дроб. Лебот од цело зрно е многу подобра опција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e