Брокула – го подобрува памтењето и ги зајакнува коските

Кога ќе се спомене здрава храна, повеќето луѓе веднаш помислуваат на брокула и тоа со причина, бидејќи овој зеленчук во себе содржи многу минерали и витамини, а може да се подготви на многу начини.

За подготовка на дршката од брокулата потребни ви се само четири минути, а за цветот само две минути и тогаш ќе биде ‘ал денте’, но ако сакате помеки, слободно оставете ги уште некоја минута на пареа. На вака подготвената брокула додадете ѝ лук и маслиново масло и уживајте во одличниот и здрав прилог за риба или месо.

Одлична е за слабеење

Една шолја исецкана брокула има 25 калории, помалку од 5 грама јаглени хидрати, многу малку протеини и воопшто нема масти, но затоа има многу благотворни минерали и витамини.

Ги зајакнува коските

Брокулата содржи витамин К, кој е клучен за згрутчување на крвта, здрави заби и цврсти коски. Овој често заборавен чувар на срцето помага и против кардиоваскуларните заболувања.

Против настинки

За брокулата може да се каже и дека е одличен зеленчук, со необичен изглед, кој има изобилство од Витамин Ц.

За здраво срце и крвен систем

Брокулата содржи и хром, минерал кој го регулира шеќерот во крвта и помага во спречување појава на дијабетес, висок холестерол и болести во крвниот систем.

Го подобрува памтењето

Ако имате проблем со лошо расположение, памтење и концентрација, вметнете брокула во дневното мени, бидејќи е добар извор на витамин Б9, односно фолна киселина. Фолната киселина е одлична за црниот дроб.

Превенција за карцином

Брокулата содржи активни состојки – антиоксиданси, за кои е научно потврдено дека штитат од развој на малигнитет и спречуваат и го намалуваат ризикот од рак на цревата, желудникот, дојката, матката и простатата.

Природен детокс

Изобилството на здрави состојки од овој зеленчук делува како природен чистач на токсини од организмот. Помага во исфрлање на отровите и го неутрализира штетното дејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e