5 најчести грешки кои ги правите кога вежбате дома

Во услови на пандемија вежбањето дома е единствениот избор кој го имаат луѓето. Сепак за време на вежбањето во домашни услови правиме неколку очигледни грешки.

Токму затоа познатиот тренерот Џеф Кавалиер дава неколку совети како да се избегнат тие грешки и како да ги подобрите резултатите. Тој тврди дека не ви е потребна комплетно опремена домашна теретана за да го имате посакуваниот резултат, сè што треба е практично да ги искористите работите околу вас.

Премалку вежби за грб

Забележано е дека при тренирање дома, најмногу се занемарува оваа голема површина на задниот дел од телото, и тоа е така најчесто со изговор дека се нема соодветна опрема или справа.

Не ги намалувајте кардио вежбите, но „зацврстете го грбот“- не барајте изговори. Тој е најголема област на вашето тело и бара внимание доколку сакате поголеми и посилни мускули.

Во теретана не ги прескокнувате овие вежби благодарение на справите, додека дома овие вежби често се забораваат. Само помислете на сите мали мускули на грбот кои го одржуваат вашето тело исправено, посебно овој период кога поминувате премногу време во седната положба. Вежбите за грб се неопхподни за да се постигне баланс.

Ја заборавате разновидноста

Разновидноста на тренингот е она што допринесува до посакуван резултат од вежбањето. Доволно е да користите варијации на истите вежби и самите ќе забележите колку едно движење различно влијае на телото.

Доколку продолжите да ги повторувате истите движења, напредокот ќе престане со тек на времето. Со прилагодување на времето на траење на паузата помеѓу серија вежби и додавање на разновидност на тренингот ги стимулирате мускулите да напредуваат.

Кардио вежбите имаат предност во однос на вежбите со товар

Повеќето тренинзи дома содржат премногу кардио вежби, додека вежбите со товар се изведуваат многу помалку.

Кавалиер смета дека кардио вежбите се потребни, но дека треба да обрнете внимание и на вежбите со товар доколку сакате вашите мускули да растат. Кога сте фокусирани на кардио вежбите, ефектот е ист како на HIIT (High intensity interval training) односно на интервален тренинг со висок интензитет и нема градење на мускули. Доколку сакате да ги зголемите мускулите кога сте дома, тогаш подобро правете вежби кои ги изморуваат мускулите за само секунда, а не за минута.

Тренингот не е дел од вашата секојдневна рутина

За многумина одењето во теретана е дел од нивната секојдневна рутина, тоа е место кое го посетуваат по работа. За други, тренингот со партнерот е социјален елемент, но и меѓусебна поддршка. Многу од овие елементи со кои сме одржувале рутина, сега не се присутни.

Сега е поважно од било кога да одредите време за вежбање во текот на денот и редовно да се придржувате до него. Нема да имате корист само од одржување на кондиција, туку треба и да го обмислите денот. Искрено, тоа е нешто што во моментите на домашна изолација тешко се одржува.

Избирате погрешна просторија

Кавалие советува да ја избегнувате најудобната просторија во куќата кога станува збор за место каде ќе вежбате. Лесно ќе ве декоцентрира вашето омилено место за одморање, телевизорот и тоа е одлична причина за да прескокнете тренинг. Луѓето кои живеат во еднособен стан, треба да се прилагодат и да посветат бар еден агол за тренинг, за секогаш да бидат ментално подготвени за вежбање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e