Утре е Крстовден: Еве што треба и што не треба да правите

Православните верници денеска го слават празникот Крстовден – Воздвижение на Чесниот Крст.

Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.

Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија во Ерусалим. Овој празник се нарекува и Возвишение на Светиот крст.

Се слави двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември. Претходно, луѓето строго се придржуваа на постот на овој ден. Во некои села се одржуваат и панаѓури.

Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

– Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.

– Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.

– Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.

– Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

На Крстовден се почитува и строг пост – на леб и вода.

Според народните верувања, на овој ден сите молитви ќе бидат слушнати, а ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ги исполнува желбите на луѓето.

Затоа, замислете си желба и чекајте да ви се оствари!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e