Што ќе понуди новиот „Галакси С8“

Откако е објавена информацијата дека „Самсунг Галакси С7“ според продажбата официјално ги надминаа „Ајфон 6С“ и „Ајфон 6С Плус“, вниманието на техничките фанови се повеќе се насочи кон следната генерација овој модел.

Многу информации почнаа да кружат, но она што сигурно се знае е дека новиот уред, кој неофицијално се нарекува С8, ќе биде многу подобар од претходниот. Кога е во прашање дисплејот, ќе го надмине претходникот благодарение на 4К резолуцијата.

Причината за ставање на ваков екран со висока резолуција на паметен телефон е виртуелната реалност. Се претпоставува дека следниот мобилен уред ќе има 4К екран за подобро да ги прикажува содржините од виртуелната реалност.

Кодното име на новиот уред е „Проџект Дрим“ („Проект сон“).

Кога е во прашање оперативниот систем, сигурно е дека С8 ќе го има последниот Андроиден систем. Се претпоставува дека ќе има поголема батерија за подолготрајно функционирање.
Влезот за полнење на батеријата ќе биде УСБ, кој ќе понуди побрзо полнење и побрз пренос на податоците.

Фановите на уредите на „Самсунг“ се надеваат дека „Галакси С8“ ќе биде претставен на Светскиот конгрес за мобилни телефони во 2017 година. 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e