Познатиот готвач Ентони Бордејн си пресуди сам себеси

Познатиот готвач, водител и писател Ентони Бордејн, кој стана глобално познат по кулинарската емисија „No reservation“, почина на 61 годишна возраст одземајќи си го животот.  Неговото тело е пронајдено во хотелска соба во Стразбур, Франција, каде Бордејн работеше на снимањето на нова епизода од неговата емисија „Parts Unknown“..

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè фасцинираат и многу ќе нѝ недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во вакво неверојатно тешко време”, потврди CNN.

Неговиот близок пријател Ерик Риперт, француски готвач, го пронашол Бордејн во хотелската соба без знаци на живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e