Најубавото езеро во светот

Езерото Морена, кое често се нарекува и тиркизно море, едно е од најубавите езера во светот, и е дел од прекрасниот национален парк Банф .

Езерото Mорена е создадено од глечери кои се стопиле од околните планини кои го опкруживаат, а се наоѓа на надморска висина од дури 1885 м. Дури десет врвови од карпестиот ланец Роки Маунтајн, ја опкружуваат долината во која настанало езерото, а неговата прекрасна тиркизно сина боја која настанува како резултат на одбивањето на светлоста од каменото дно на езерото, никој нема да го остави рамнодушен.
morena22

Поради студените канадски зими, езерото не е посетувано во текот на зимата, а cезоната започнува во мај. Езерото Морена е идеално место за активен одмор, веслање, планинарење, риболов, јавање, трчање, но и за романтичен дом, како и за опуштено бегство во природата. Уживајте во прошетките низ густата, канадска шума која зафаќа дури 53 отсто од националниот парк, а која може да се пофали со исклучително богатство од флора и фауна и животински свет со повеќе од 230 видови на птици! Уживајте на отворените ливади и восхитувајте им се на глејчерите што ве опкружуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e