Еве зошто повеќето од децата не сакаат да одговараат на прашањето „Како помина на училиште денеска?”

Психологот Сиги Коен, специјалистка за развој на детето, редовно објавува совети за родителството на „Тик-ток”. Овојпат, таа открива зошто малите деца одбиваат конкретно да одговорат на општи прашања, како она „како го помина денот” и сл., и советува како родителите треба да постапуваат во оваа ситуација.

– Го земате детето од училиште и возбудено прашувате: „Како беше на училиште денеска?” Но, добивате одговори како: „Не знам”, „Заборавив”, „Добро”. Се разбира, Вие сакате да слушнете дека детето имало прекрасен ден, но треба да разберете дека за него штотуку заврши денот полн обврски, вели д-р Коен.

Според неа, причината поради која децата даваат кратки одговори е тоа што прашањето е преобемно и премногу општо. Советот гласи, родителите да поставуваат поконкретни прашања, како на пример: „До кого седеше за време на ручекот?” или „Дали наставникот кажа нешто смешно денеска?”

– Вие треба да му помогнете на детето да го опише денот поподробно, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e