Додека спиеме „се бришат“ спомените од минатото

Експертите од Универзитетот од Кембриџ го истражуваа процесот во човековиот мозок додека е потонат во сон .

Со ова истражување научниците го проучувале начинот на функционирање меѓу невроните кои се одговорни за форматирање на информацијата во мозокот. Било докажано дека при спиењето нервните сигнали одговорни за прием на актуелните информации се закрепнуваат, додека нервните сигнали кои се одговорни за помалку значајни случувања од животот ослабнуваат.

Како последица на тоа кај човекот со сонот се овозможува губење на спомените за не толку битни факти од животот. Според зборовите на раководителот на проектот Ана Гонзалес Руеда „иако мозок има потенцијал за извонреден обем на информации, поддршката на невроните и нивната активноста бара многу енергија – дури без процесот на зачувување на информациите од минатото мозокот троши 20% од сите калории.“ Тоа го тера мозокт да работи колку што е можно поефективно и да ги зачувува оние информации кои се актуелни и неопходни.

Истражувачите сметаа дека таквиот механизам помага да се спречи пренапрегање на нервниот систем што е значајно за мозокот колку што е можно подолго да ги чува информациите, односно човекот подолго и поверодостојно да памети.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e