Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење на Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите, одлучи судот во Саудиска Арабија.

Ал Шебаб, мајка на две мали деца која студирала на британскиот универзитет во Лидс, била уапсена и осудена по враќањето од Велика Британија. Таа пристигна во својата земја на одмор, пренесува Гардијан.

Таа првично беше осудена на три години затвор за користење на Твитер за „поттикнување јавни немири и дестабилизирање на граѓанската и националната безбедност“. Откако јавниот обвинител побара од судот да разгледа и други наводни кривични дела, судот во петокот изрече нова казна од 34 години затвор по што следуваше 34-годишна забрана за напуштање на државата.

Во обвинението се наведува дека Шебаб им помагал на оние кои сакале да предизвикаат јавни немири и да ја дестабилизираат националната безбедност.

Инаку, како што пишува угледен британски весник, овој случај претставува најнов пример за кампања против сите корисници на Твитер што ја започна Мохамед бин Салман, саудискиот престолонаследник, кој поседува повеќе од пет отсто од акциите на популарната социјална платформа преку Саудискиот фонд за јавни инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e