Железничка несреќа во Холандија: едно лице загина, 30 се повредени

Неколку лица се повредени, некои потешко, по судир на патнички и товарен воз на западот на Холандија, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила во селото Воршотен ноќта од понеделник кон вторник околу 3:30 часот.

Службите за итна помош се на терен за да им помогнат на повредените. По несреќата патничкиот воз излетал од шините. Се уште не е позната причината за несреќата.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат превртени вагони и чад како извира на ноќното небо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e