Земјотрес од 6 степени на Филипините, нема информации за жртви

Локалните власти предупредуваат на можна материјална штета и дополнителни последователни потреси.

Земјотресот не бил на голема длабочина, а се случил околу 14 часот по локално време во близина на селото Сан Маријано во провинцијата Давао де Оро, на јужниот филипински остров Минданао.

Официјален претставник од локалната канцеларија за катастрофи изјави дека се проверуваат информациите за лизгање на земјиштето на националниот пат.

Тој рече дека не добиле информации за други штети или жртви, но дека ги проверуваат околните села.

Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на пацифичкиот „огнен појас“, зона на интензивна вулканска и сеизмичка активност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e