Вонредна состојба во Италија – бројката на жртви од земјотресот се искачи на над 250 лица

Денес во Италија ќе се прогласи вонредна состојба, најави премиерот Матео Ренци.

До моментов бројката на жртви од силниот земјотрес во Централна Италија се искачи на околу 250 лица. Стотици се повредени а сеуште не се знае бројот на повредени и загинати кои се наоѓаат под урнатините.

Во областа која беше погодена од силниот земјотрес во централна Италија, утринава беше почуствуван нов удар со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e