И во Србија падна првиот снег

Како што најавија метеоролозите за денеска, падна првиот снег во Србија. Вчера снег падна и во Словенија и Хрватска.

– Во недела дождовните облаци минуваат над Србија и се движат кон исток со делумно разведрување, најпрво претпладне на северот и западот на Србија. На врвот Копаоник и високите планини над 1.500 метри надморска височина може да осамне снег – најавуваат метеоролозите.

На социјалните мрежи се појави видео од првите снегулки од Копаоник. Датумот на првото појавување на снег и првата снежна покривка може да се разликуваат. Статистички гледано, мерлив снег се смета секој снег чија висина надминува најмалку 1 см.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e