Во една година во Мексико биле убиени 175 политичари

Во изминатите 12 месеци во Мексико биле убиени 175 политичари, соопшти аналитичката агенција Етелект.

Покрај убиствата, забележани се уште 850 напади врз политичари, особено во пресрет на изборите во јули.

Но, и по изборите пресметките продолжуваат – во изминатите два месеци биле убиени 21 политичар, а забележани се уште 63 политички мотивирани напади.

Последниот ваков напад е убиството на штотуку избран градоначалник во северната област Чиуауа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e