Уште еден силен земјотрес ја погоди Централна Италија

Централниот дел на Италија, која веќе беше погодена од силен земјотрес во кој загинаа 247 луѓе утрово го потресе нов земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Според  Геолошкиот институт на САД, епицентарот на новиот земјотресот бил на околу седум километри источно од главниот град на Норциа, на релативно мала длабочина од десет километри.

Во Норциа, кој се наоѓа на околу 170 километри северозападно од Рим, беше и епицентарот на првиот земјотрес вчера од 6,2 степени според Рихтеровата скала, со што што беа речиси срамнени со земја градовите Амитрице,Акумоли и Пескара дел Тронто.
Земјотресот се случил  утринава околу 5.40 часот, се вели во геолошко истражување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e