СЗО: Во Уганда прогласена епидемија на ебола

Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО).

Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна почина 24-годишен маж со симптоми на ебола. Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истата област овој месец. „Во моментов има осум сомнителни случаи кои добиваат нега во здравствената установа“, изјавиле од СЗО-Африка, додавајќи дека им помагаат на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e