Соопштена бројката на загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Бројот на загинати во земјотресите што оваа недела ги погодија Турција и Сирија се искачи на 23.726, според последните официјални податоци, јави Си-Ен-Ен.

Во Турција, бројот на загинати се искачи на најмалку 20.213, а 80.052 се повредени, објави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Вкупниот број на смртни случаи во Сирија е 3.384 – вклучувајќи 2.166 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според групата за цивилна одбрана „Бели шлемови“, и 1.347 мртви во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми.

Бројот на повредени во Сирија на сите погодени територии е 5.245, од кои 2.295 во областите под контрола на владата и 2.950 во областите под контрола на бунтовниците, јави Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e