Силен земјотрес во Мексико, истиот ден како и во 1985 и 2017 година

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени го погоди Мексико. Според мексиканските сеизмолози, епицентарот на потресот се наоѓал на брегот на Пацификот, на 46 километри југоисточно од градот Ла Пласита де Морелос во државата Мичоакан, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот го погодил брегот на Ла Пласита де Морелос во западниот дел на Мексико, објави Американскиот геолошки институт. Било издадено и предупредување за појава на цунами.

Засега нема информации за евентиални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот го погоди Мексико на истиот ден кога се случија и катастрофалните потреси во 1985 и во 2017 година.

Илјадници луѓе загинаа во земјотресот во 1985 година, а повеќе од 350 ги загубја животите во потресот во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e