Семејна расправија заврши трагично: Босанец ги уби сопругата и децата

Граѓанин на Босна и Херцеговина (38) по семејна расправија во Оверпелт, Белгија, ја убил својата поранешна сопруга и двете мали деца на возраст од три и една година. Локалните медиуми јавуваат дека тој се самоубил откога го убил семејството.

Соседите слушнале бучава од станот по што еден од нив влегол внатре и ги пронашол телата на жената и децата и повикал полиција, пренесува „Новости“.

Мажот побегнал од местото на злосторството, а полицијата со многубројни патроли и хеликоптер тргнала во потрага по него. Тој бил пронајден мртов околу половина час подоцна покрај автомобил во близина на канал.

Јавното обвинителство потврди дека се води истрага за оваа семејна трагедија и дека се работи за тројно убиство и самоубиство.

Локалните медиуми пишуваат дека семејството ѝ е познато на полицијата бидејќи во нивниот стан деновиве неколкупати доаѓале полицајци поради семејно насилство, пренесува „Клих“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e