Се самоуби фудбалер во БиХ

Швајцарскиот интернационалец во редовите на босанскиот фудбалски прволигаш Зрински, Карим Газета, извршил денеска самоубиство, скокнувајќи од седмиот кат на зградата во која живеел во Мостар, јавија локалните медиуми.

Според истите извори, мостарската полиција рано изутрината била известена дека на улицата „Кнез Вишеслав” лежи неподвижно тело на непознат маж, а со истрагата е утврдено дека станува збор за 27-годишниот фудбалер Газета.

Роден во Швајцарија за која одигра и четири натпревари за репрезентацијата до 20 години, Газета дојде во редовите на Зрински во јули годинава и со прволигашот од Мостар потпиша договор до лето 2024 година.

Локалните медиуми јавија дека Газета претходната ноќ ја минал во друштво на клупски колега и две девојки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e