Русија протера 14 бугарски дипломати

Русија протера 14 бугарски дипломати како одговор на мерките што Софија ги презеде против Москва поради конфликтот со Украина.

„Оваа мерка е одговор на целосно неоправданата одлука на бугарската страна да прогласи за непожелни 70 вработени во нашите институции во странство и да воведе квоти за дипломатски, административен и технички персонал на Русија во Бугарија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пишуваат медиумите во регионот.

На почетокот на јули Бугарија прогласи 70 руски дипломати за непожелни лица.

Истите анализираат дека одлуката за протерување на бугарските дипломати ја соопшти вршителот на должноста премиер Кирил Петков, кој зазеде тврд став кон Русија откако таа ја нападна Украина на 24 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e