Расте црниот биланс: Над 29.000 загинати во земјотресот во Турција

Турскиот потпретседател Фуат Октај на прес-конференција изјави дека во Турција загинале 24.617 лица.

Досега е потврдена смртта на 3.575 луѓе во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација Бели шлемови. Според сириските медиуми, повикувајќи се на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.

Десетина земјотреси се регистрирани синоќа и ноќеска во Турција и на границата меѓу Турција и Сирија, од кои најсилниот бил со јачина од 4,3 степени.

Бројот на загинати во Турција се искачи на 24.617 во неделата, додека повеќе од 4.500 луѓе загинаа во Сирија. Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија на тој начин надмина 29.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e