Најмалку десет лица се ранети во пукотница во Лејкленд, Флорида, соопшти градската полиција.
Пукањето се случило вчера околу пладне, а две лица се во критична состојба, соопшти полицијата, пренесува АП.
Се наведува дека напаѓачите во еден момент ги симнале сите четири стакла од темносините возила и отвориле оган врз нив, а во престрелката биле ранети лица од двете страни на улицата.
Полицијата во Лејкленд сè уште не идентификувала ниту еден осомничен и објавила на Фејсбук дека нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.
Началникот на полицијата во Лејкленд, Сем Тејлор, рече дека истражителите веруваат дека нападот не бил случаен и дека жртвите биле цел.
Тој додава дека на местото на престрелката била пронајдена марихуана, а истражителите веруваат дека непосредно пред пукањето на местото на инцидентот се вршела продажба на дрога.