Пронајдено телото на Матеј Периш?

Телото на помлад маж е пронајдено во Дунав кај Ада Хуја. Како што дознава порталот Блиц, машката гардероба во принцип одговара на описот на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување.

Телото на помладиот маж утрово околу 9.30 часот го пронашле морнари.

Како што дознава „Блиц“, мажот е облечен во фармерки, маица со апликација и бела патика, која одговара на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит вечерта на неговото исчезнување.

Полицијата го извлекла телото, а вештачењето е на терен.

Да потсетиме, Матеј Периш исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e