Пред училиштето во Тексас беше положено цвеќе и им беше оддадена почит на жртвите

Цвеќе беше положено пред основното училиште „Роб“ во американската сојузна држава Тексас, при што им беше оддадена почит на жртвите од нападот во кој загинаа 21 лице, јавува Анадолија.

Пред училиштето има и припадници на безбедносните сили, а поставени се и импровизирани надгробни споменици со имињата на жртвите.

Најмалку 19 ученици и двајца возрасни се убиени во средата во основно училиште во американската сојузна држава Тексас, откако 18-годишен напаѓач отворил оган.

Престрелката се случила во основното училиште „Роб“ во Увалде, на околу 133 километри западно од Сан Антонио.

Убиецот е идентификуван како Салвадор Ромас од Увалде, а полицијата го застрелала со огнено оружје.

По пукањето, претседателот Џо Бајден нареди американското знаме да се спушти на половина копје во Белата куќа, во сите јавни згради и на воените и поморските станици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e