Пожар во 35-катен облакодер во Дубаи, непосредно до Бурџ Калифа

Во 35-катен облакодер во Дубаи, што се наоѓа во непосредна близина на највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа, денеска, во раните утрински часови избувна пожар, а засега нема никакви информации дали во инцидентот има повредени.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како огромен пламен ја проголтува станбената зграда, која ја изгради компанијата Емаар.

Пожарот подоцна е изгаснат, пишува „Индипендент”.

Во последните години имаше голем број пожари во облакодерите во Дубаи, а се постави и прашањето за безбедноста на материјалите што се користат при изградбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e