Потврдени први случаи на мајмунски сипаници во Данска и Шкотска

Во Данска е регистриран првиот случај на инфекција со мајмунски сипаници кај возрасен маж кој се вратил од патување во Шпанија, соопшти денеска данското Министерство за здравство.

– Здравствените власти не очекуваат ширење на инфекцијата во Данска, но внимателно ја следиме ситуацијата за да бидеме подготвени за можно ширење на инфекцијата, нагласи министерот за здравство, Магнус Хеунике.

Заболениот моментално се наоѓа во изолација, а надлежните ги следат сите негови блиски контакти, соопшти Министерството.

Шкотска денеска, исто така, го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.

– Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Велика Британија за да го истражиме изворот на инфекцијата, истакна Ник Фин, шкотски здравствен службеник. Тој додаде дека пациентот е примен на лекување и дека се трага по луѓето кои биле во контакт со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e