Патарините во Србија поскапуваат за 10%

Белградскиот весник „Блиц“ објави дека новата српска влада ќе ги зголеми таксите на автопати за 10% проценти.

Оваа мерка требало да биде донесена уште на почетокот на годината но поради изборите била одложена.

Според некои проценки, покачувањето на цените на патарините кај северниот сосед ќе донесе дополнителни 14,4 милиони евра за одржување на патиштата.

Одлуката се очекува да биде донесена веднаш по формирањето на владата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e