Откриен изворот на новичок во мало шишенце

Британската полиција го открила изворот на нервниот агенс новичок, од кој беа затруени двајца жители, од кои еден почина. По разговор со Чарлс Роули, кој го преживеа труењето со отровот, полицијата утврдила дека во неговиот дом има мало шишенце во кое се содржани траги на новичок. Неговата партнерка Дон Старџис почина од труењето.

Шишенцето се испитува во лабораторијата „Портон Даун“ со цел да се утврди дали е тоа истиот отров со кој во март беа затруени поранешниот руски шпион Сргеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e