Нова анкета: Трамп ја зголемува предноста пред Клинтон

Анкетата објавена на Си-Ен-Ен покажа дека републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп ја зголемил предноста пред Хилари Клинтон.

Ако пред неколку дена во анкетата на Ројтерс, милијардерот водеше со еден процент пред кандидатката на демократите, во најновата анкета на Си-Ен-Ен, Клинтон сега заостанува со 2 проценти.

За Трамп се изјасниле 45 отсто од испитаниците, а 43 за Клинтон.

Анкетата покажала и дека Клинтон е поомилена кај жените, додека пак Трамп ужива поголема популарност кај мажите.

Републиканскиот кандидат има поддршка од белците а Клинтон кај останатите.

Пообразованите и даваат поголема поддршка на демократската кандидатка.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e