Напад на американскиот универзитет во Кабул,12 мртви!

КАБУЛ – Нападот на Американскиот универзитет во Кабул заврши утрово од страна на специјалните сили кои убиле двајца од напаѓачите во нападот во кој загинаа 12 лица, меѓу кои и седум студенти, соопшти денеска авганистанската влада.

Нападот започна вчера околу 18.30 часот по локално време, 16 часот од централно европско време, во голема експлозија за која претставници велат дека била експлозија на автомобил-бомба, а потоа следуваше и истрели од огнено оружје, јавуваат официјални лица од истрагата.

Напаѓачите успеале да влезат во универзитетски комплекс, каде што имало голем број на странски студенти, професори и друг наставен кадар.

Кампусот на Универзитетот брзо бил опкружен со членови на елитните авганистански специјални сили, кои успеаа да се пробијат во, а потоа и да интервенираат и стават крај на овој терористички чин.

Шефот на полицијата,Абдул Рахман Рахими,изјави дека за време на нападот, втор на Американскиот универзитет овој месец, загинаа седум студенти, тројца полицајци и двајца чувари.

Најизменична размена на огнено оружје можеше да се слушне во текот на ноќта, пред полицијата, нешто пред зори, да каже дека операцијата е завршена.
“Борбата заврши, загинаа најмалку две вооружени лица. Во моментов се расчистува ситуацијата”, изјавил еден полицаец за Ројтерс.
Министерството за здравство во Авганистан изјави дека помеѓу повредените нема странци.
Полицијата евакуира помеѓу 700 и 750 ученици, кои во текот на десет-часовна опсада беа заробени во комплексот.

rojters

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e