Најмалку 21 лице загинаа во Индија, откако беа погодени од гром

Најмалку 21 човек загинаа во различни делови од индиска источната држава Бихар, откако беа погодени од гром за време на дождовите во изминатите 24 часа.

Загинатите се фармери или земјоделски работници. Дури 10 области во државата Бихар пријавиле такви смртни случаи.

Локалните власти најавија дека семејствата на загинатите ќе бидат обештетени со 400.000 индиски рупии (околу 5.023 американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e