Најмалку 162 лица загинаа во земјотресот во Индонезија

Најмалку 162 лица загинаа во катастрофалниот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија, соопшти гувернерот на провинцијата Ридван Камил. Тој прецизираше дека стотици се повредени, а над 13.400 лица биле принудени да ги напуштат своите домови, пренесува Скај Њуз.

Херман Сухерман, официјален претставник од Цианџур, за ТВ Компас изјави дека напорите за евакуација се отежнати поради лизгањето на земјиштето на некои места.

Според Националната агенција за ублажување на катастрофи, многу луѓе биле повредени откако биле погодени од делови од урнати згради, а некои жители останале заробени во урнатините. Меѓу урнатините се пронајдени 25 лица, а потрагата по евентуални преживеани ќе продолжи и во текот на ноќта.

Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур, Западна Јава, на длабочина од 10 километри.

Во областа, во прекин е снабдувањето со електрична енергија, поради што има проблеми со комуникацијата, пренесува Скај Њуз.

Пријавени се неколку свлечишта околу Сианџур, а десетици згради се оштетени, вклучително и исламски интернат, болница и други јавни објекти.

Снимките од Метро ТВ покажаа дека некои згради во Џијанџур се речиси целосно урнатини додека жителите истрчуваат на улиците.. И жителите во главниот град Џакарта избегаа на улиците заради безбедност.

Дваесет и пет последователни потреси се регистрирани за два часа по земјотресот, соопшти агенцијата за временска и геофизика БМКГ.

Земјотресите често се случуваат низ архипелагот со повеќе од 270 милиони луѓе, но невообичаено е тие да се почувствуваат во Џакарта.

Во февруари во земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала загинаа најмалку 25 луѓе, а повеќе од 460 беа повредени во провинцијата Западна Суматра. Потресите биле почувствувани дури и во Малезија и Сингапур.

Во јануари 2021 година, најмалку 105 луѓе загинаа, а речиси 6.500 беа повредени во провинцијата Западен Сулавеси по голем земјотрес со слична јачина.

Индонезија се протега низ таканаречениот „Пацифички огнен прстен”, високо сеизмички активна зона каде што се спојуваат различни плочи на земјината кора и создаваат голем број земјотреси и вулкани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e