Мериленд и Мисури ја легализираа марихуаната во рекреативни цели

Во американските сојузни држави Арканзас, Мериленд, Мисури, Северна и Јужна Дакота, освен конгресните избори, се одржаа и референдуми за легализација на марихуаната во рекреативни цели.

Во Мисури беше изгласана легализација, откако предлог беше поддржан од 53,1 отсто од гласачите. Во Мериленд, мнозинството беше уште поубедливо. Таму за легализација гласа 65 отсто од граѓаните.

Гласачите во Арканзас и Северна и Јужна Дакота гласаа против легализацијата на марихуаната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e