„Мекдоналдс“ најде купувач за рестораните во Русија

Популарниот американски синџир за брза храна „Мекдоналдс“ денеска објави дека почнал процес на продажба на своите ресторани во Русија на еден од носителите на лиценцата во таа земја откако работел повеќе од 30 години, јавува „Анадолија“.

Најавено е дека Александар Говор, кој раководи со 25 ресторани во Сибир, е подготвен да купи 850 руски ресторани „Мекдоналдс“ и да ги работи под ново име, а продажната цена не е откриена.

Компанијата во понеделникот соопшти дека ќе ја напушти Русија по инвазијата на Украина.

„Договорот за продажба е предмет на регулаторно одобрување и се очекува да биде затворен во рок од неколку недели“, велат од „Мекдоналдс“.

Спич, која ја поседува лиценцата од 2015 година, се согласи да задржи 62.000 вработени најмалку две години под исти услови како и „Мекдоналдс“, како и да им исплати плати до затворање на продажбата, пренесе „Дневен аваз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e